Во САД, откриен поранешен чувар на логорот Трнопоље

Од:

Србин, по потекло од Босна, кој сега живее во САД, го скрил податокот дека за време на војната во Босна работел како чувар во логорот Трнопоље во близина на Приедор, а побарал и добил американско државјанство, соопшти американското Сојузно Обвинителство.

Младен Митровиќ (52), кој живее во американската сојузна држава Џорџија, во понеделникот беше ослободен од затвор со кауција, после првото појавување пред судот заради изоставување на важни информации при добивањето на државјанство. Судијата му даде рок од 10 дена за да ангажира адвокат.

Митровиќ побарал американско државјанство во октомври 2002 година, но во документите не навел дека работел како чувар во логорот, наведува обвинителството.

„Американската канцеларија за кршење на човековите права и воени злосторства при службата за имиграција и царина соработуваат со официјални претставници на БиХ за откривање на чуварите во концентрационите логори кои по војната во Босна емигрирале во САД под лажен изговор“, вели во соопштението, државниот тужител Сели Килиан Јејтс.

„Обвинетиот сега ќе мора да се справи со голем број на поранешни затвореници, босански муслимани на кои им наштетил во логорот Трнопоље“, додаде таа.

На Митровиќ му се заканува максимална казна од 10 години затвор, парична казна до 250.000 $ и автоматска депортација по ослободувањето од затвор.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН