Во САД извршени две егзекуции

Од:

Во сојузната американска држава Оклахома изведена е прва егзекуција, по неуспешно давање на смртоносна инјекција на осуденик во пролет минатата година.

Во април минатата година едно осудено лице умираше повеќе од 40 минути, што предизвика критики кај јавноста, поради што извршувањата на смртните казни беа одложени се додека државите не спроведоа ревизија за процедурата на егзекуција, пренесе „Асошиејтед прес“.

Егзекуцијата на Чарлс Фредерик Варнер, кој беше осуден поради убиство на единаесетмесечно девојче, во 1997 година во Оклахома Сити, траеше 18 минути.

На Флорида исто така во четврток е извршена смртна казна над Џони Шејн Кормонди кој во 1993 година уби човек во Пенсакола. И за едниот и за другиот осуденик употребена е иста комбинација од три лекови за смртоносна инјекција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас