Во Русија рекорден број на новозаразени и умрени од коронавирус во еден ден

Од:

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани рекорден број новозаболени и умрени од коронавирус, со потврдени 25.487 нови случаи на Ковид-19, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходно, најголемиот број нови случаи на инфицирани беше регистриран на 23 ноември – 25.173.

Од почетокот на пандемијата во Русија се потврдени вкупно 2.187.990 заболени лица, со што оваа земја е петта во светот според бројот на инфекции.

Од Ковид-19 во последното деноноќие умреле уште 524 лица, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, наведува Тасс. Претходниот ден, бројот на смртни случаи беше 507, а досега во Русија вкупно се умрени 38.062 лица.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски