Во Русија првпат објавен руски извештај за бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки

Од:

Руското историско друштво за првпат го објави извештајот на советскиот амбасадор во Јапонија за состојбата во Хирошима и Нагасаки по исфрлањата на атомските бомби од август 1945 година, пренесе ТАСС.

Извештајот е ставен на сајтот на друштвото www.rushistory.org. и претставува зборник на материјали за последиците од атомските бомби исфрлени од Американците. За да биде изготвен Амбасадата на СССР во Токио на 13 септември испратила група свои соработници во Хирошима. Во групата влегол и дописникот на ТАСС, Анатолиј Варшавски. Емисарите успеваат да ја разгледаат Хирошима, за која кажале дека била толку разурната што немало дури ни каде да се сокријат од дождот.

Авторите на извештајот разговарале со локалните жители и ја посетиле болницата во која биле сместени настраданите од експлозијата.

На 18 септември групата пристигнала и во Нагасаки, каде, исто така, ги забележува сеќавањата на жителите на градот и своите сопствени впечатоци. Едно од нив е дека во градот се чувствува „силен мирис на трупови“.

Во групата имало и снимател, кој на филмска лента го забележал местото каде паднала атомската бомба, и сите разурнувања во двата града.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски