Во Русија: Најмалку 74 уапсени за протести за време на претседателските избори

Од:

Најмалку 74 лица се уапсени во Русија поради учество во различни протестни акции за време на претседателските избори на кои се очекува победа на Владимир Путин, објави невладина организација.

Организацијата ОВД-Инфо, која е специјализирана за следење на репресијата, објави дека апсењата главно биле извршени во Казан во централна Русија и во Москва.

Во публикацијата на таа невладина организација се наведува дека бројот на уапсените би можел да биде поголем, бидејќи нејзините членови би можеле да добијат нови информации со новите имиња на приведените.

Многумина од уапсените пристигнаа на гласачките места точно напладне како дел од протестот „Пладне против Путин“ чија цел беше да се изрази противење на начинот на кој беа спроведени изборите.

Меѓу поддржувачите на протестите се и приврзаниците на Алексеј Навални, активист кој почина во казнена колонија на Арктикот минатиот месец.

Некои гласачи беа уапсени на избирачките места. Во извештајот се наведува дека една активистка била приведена додека излегувала од својот дом во Санкт Петербург.

Некои од уапсените набрзо беа ослободени.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија