Во Русија во изминатите 24 часа од ковид-19 починале повеќе од 1000, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, соопштија денеска здравствените власти.
Бројот на новозаразени со вирусот во последните 24 часа е 33 208, а бројот на смртни случаи изнесува 1002.
Во последниве недели е зголемен бројот на лица кои се заразуваат и умираат од коронавирусот во Русија.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко ја припишува сегашната состојба на однесувањето на населението и недоволната вакцинација, и покрај достапноста на неколку национални вакцини.
Од почетокот на пандемијата во Русија од ковид-19 починаа вкупно 222 315 луѓе.