Во Рим е неподносливо – 2.000 тела на починати луѓе со месеци чекаат за кремирање

Од:

Околу 2.000 ковчези со недели, па и со месеци чекаат за кремирање во Рим, а таквата состојба се појави поради бирократските одложувања и ги натера претставниците на погребалните фирми денеска да протестираат во близина на градското собрание.

„Апелираме до градските власти веднаш да ги завршат процедурите за добивање дозвола за кремирање“, изјави секретарот на италијанската федерација на погребални домови Џовани Качиоли.

Според него, Рим секоја година прима од 15.000 до 18.000 барања за кремирање. Семејствата на починатите треба да спроведат комплицирана и долга постапка за дозвола.

– Тоа е апсурдна ситуација што доведува до одложувања, рече Качоли, кој на протестот носеше венец заедно со неговите колеги со натпис – „Жал ми е, но тие не дозволуваат да ги погребаме вашите најблиски“. Процедурата трае во просек од 35 до 40 дена, додека во другите општини од 24 до 48 часа.

Претставник на погребна куќа рече дека околу 2.000 ковчези чекаат дозвола за кремирање. Ковчезите се во фрижидери.

Една вдовица на собирот рече дека нејзиниот сопруг починал во јануари од коронавирус и дека сè уште не добила дозвола за неговото кремирање.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски