Во претседателската трка во Чиле, за прв пат, ќе се натпреваруваат две жени

Од:

За прв пат во историјата на Чиле битката за претседателската функција ќе се води меѓу две дами, пренесе ИТАР-ТАСС.


Тоа стана можно откако конзервативната партија Независен демократски сојуз, што е дел од владината коалиција „Сојуз за Чиле“, за свој нов кандидат за претседател ја исфрли министерката за труд и социјална политика Евелин Матеи.


До новата кандидатура дојде откако претходниот кандидат, поранешниот министер за економија Пабло Лонгеира изненадувачки, на 17 јули, се повлече од трката заради депресија.


Засега второто крило во „Сојузот за Чиле“ – Партијата за национална обнова, се нема изјаснето дали ќе ја поддржи кандидатурата на Матеи.


Победникот во претседателската трка, меѓутоа, се чини веќе е однапред извесен, бидејќи според анкетите поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет, која доаѓа од редовите на социјалистите, води со голема предност (75 проценти) пред скромните 34 проценти за Матеи.


Претседателските избори во Чиле ќе се оддржат на 17 ноември.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле