Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Од:

Најмалку 10 лица се водат како исчезнати во шумските пожари во Чиле, шест населени места се евакуирани и воведена е вонредна состојба, јавија чилеанските медиуми.

Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, прогласи вонредна состојба поради шумските пожари, кои го зафатија главно регионот Валпараисо, каде изгореа над 6.800 хектари.

Бориќ на платформата Х напиша дека сите расположливи единици на пожарникари, полиција и цивилна заштита се распоредени за гаснење на пожарот.

Поради првиот голем шумски пожар во летната сезона во околината на крајбрежните градови Валпараисо и Виња дел Мар, неколку населени места се евакуирани, а пожарот се уште се заканува да ги зафати двата града.

Пожарот избувнал во петокот од засега непознати причини во националниот парк Лејк Пењуелас, кој се наоѓа на дваесетина километри од пристаништата Валпараисо и Виња.

Поради пожарот затворен е патот што го поврзува главниот град Сантијаго со тие крајбрежни градови.

Поради силниот ветер и високата топлина, пожарот во моментов не може да се локализира, а Националната служба за превенција и одговор при катастрофи издаде црвено предупредување и побара евакуација на шест општини, пет во близина на градот Виња дел Мар и една во Вила Алемана.

Би можело да ве интересира

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пожар во беровската месност Безгашчево