64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Од:

Најмалку 64 лица загинаа во шумските пожари што го опустошија регионот Валпараисо во централно Чиле, изјави денеска претседателот на земјата Габриел Бориќ, изразувајќи стравување дека бројот на жртви ќе биде поголем.

„За жал, можам да потврдам дека загинаа 64 лица. Тој број ќе се зголеми“, рече чилеанскиот претседател кој денеска ги посети погодените подрачја.

Пожарникарите од петокот гаснат десетици пожари. Помеѓу 3.000 и 6.000 куќи биле оштетени или уништени. Уништени се околу 43.000 хектари шуми.

Пожарот го зафати и популарното летувалиште Виња дел Мар, каде е врв на летната сезона и каде се забележани екстремно високи температури.

Би можело да ве интересира

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пожар во беровската месност Безгашчево