Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

Од:

Пожар што избувна во штала за тркачки коњи рано утринава во Калвадос предизвика смрт на повеќе од 70 коњи кои загинаа во пламенот, а 21-годишен маж се здоби со сериозни повреди на рацете, пренесуваат француските медиуми.

Во 5.40 часот утрово, пламените јазици се појавиле во шталата лоцирана во Бернеска, во Калвадос, пишуваат француските медиуми. Заробени во нивните боксови, без можност да избегаат, сите коњи изгореле.

Пожарот целосно ја уништил зградата од 1000 метри квадратни, пишуваат медиумите, а 21-годишниот маж се здобил со повреди на рацете и веднаш бил пренесен во болница во Бају.

Интервенирале повеќе од дваесет пожарникари и шест возила, а причината за несреќата сè уште не е позната. Крим-техничари се ангажирани да ја испитаат шталата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски