Во пожар во Русија загина седумчлено семејство со пет деца

Од:

Во руската република Башкирија избувна страшен пожар во кој загина седумчлено семејство со пет деца, јавуваат руските агенции.

Пожарот зафатил двокатна дрвена куќа во која имало неколку станови, соопштија од итните служби, пренесува Интерфакс.

Од пожарот се спасени две деца. Таткото успеал да ги спаси, а потоа се обидел да ги спаси и другите деца, но не можел да излезе од запалената куќа и починал.

При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.

Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски