Во пожар на семејна фарма настрадаа 1.500 свињи

Од:

Во пожар што избувна на семејна фарма во градот Капелен во северозападна Белгија, загинаа 1.500 свињи, објавија локалните медиуми.

„Пожарот избувна на фарма каде што се одгледуваат околу 3.000 свињи. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот беше ставен под контрола“, изјави градоначалникот на Капелен, Петер Рикманс, според фламанскиот јавен сервис VRT.

На фармата беа изградени две згради со по 1.500 свињи, а едната беше целосно уништена од пожарот, додека во другиот дел службите за итни случаи се обидуваат да спасат што е можно повеќе животни.

„Неколку камиони се на пат и се очекува да ги транспортираат свињите, но еден камион може да транспортира максимум 200 животни“, изјави претставник на противпожарната служба, потврдувајќи дека точната причина за пожарот сè уште не е позната.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски