Во последните 24 часа во Газа загинаа најмалку 71 Палестинец

Од:

Најмалку 71 Палестинец, вклучувајќи петмина баратели на помош, се убиени во Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на војната достигна 65.283.

Се наведува дека 304 лица се ранети во Газа во истиот период, објави Ал Џезира.

Покрај идентификуваните жртви од нападот во последните 24 часа, уште четири тела се извлечени од урнатините како резултат на претходните израелски напади, се додава во соопштението.

Според палестински медицински извори, војната во Газа меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас убила 65.283 лица, а 166.575 се повредени од октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел уништи цели села на југот на Либан

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари