Во поширокиот регион на Париз се влошува состојбата поради ширењето на Ковид-19

Од:

Се влошува ситуацијата со коронавирусот во поширокиот регион на Париз, каде болниците се под огромен притисок. Тоа го изјави денеска генералниот директор на парискиот болнички систем, Мартин Хирш.

Во изјава за радио РТЛ тој нагласи дека постојат две опции за контрола на болеста – едната е заклучување за викенд, што веќе постои во другите делови на државата, а другата е заклучување во пошироката област на парискиот регион.

Францускиот премиер Жан Кастекс вчера изјави дека е време да се воведат дополнителни ограничувања поради неконтролираното ширење на коронавирусот во поширокиот регион на Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата