Во поплавите во Шри Ланка загинаа 103 лица, 230 илјади се раселени

Од:

Индија се вклучи во пружањето помош на Шри Ланка, откако во монсуснските поплави загинаа најмалку 103 лица, а околу 230 илјади мораа да ги напуштат своите домови. Вкупно 113 лица се сметаат за исчезнати.

Поројните дождови предизвикаа големи поплави и свлечишта во јужниот и во западниот дел на Шри Ланка, а во пружањето помош учествува и војската, која со авиони го спасува населението и на локалните жители им ги доставува неопходните продукти.

Министерот за внатрешни работи предупреди на опасноста од нови поплави и апелираше на жителите кои живеат во пониските подрачја да се префрлат во повисоките делови на земјата.

– Имаме информации дека постојат области каде ни хеликоптери ни чамци не можат да пријдат, посочи министерот, дополнувајќи дека Владата донела 10.000 појаси за спасување за луѓето кои се заглавени, а се уште не можат да бидат евакуирани.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска