Во поплави во Судан загинаа 46 луѓе

Од:

Најмалку 46 лица загинаа, а илјадници домови се уништени во последните два месеца во поплавите кои го погодија Судан како последица на поројните дождови.

Вршителот на должност заменик министер за здравство Сулиман Абдел-Габар изјави дека во поплавите од 14 јуни досега се повредени околу 100 лица.

Поројните дождови зафатија 16 од 18 судански провинции. Поплавени се најмалку 14.500 куќи, од кои две третини се целосно уништени.

Загрозени се 16.000 домаќинства, настрадаа повеќе од 3.100 грла стока и поплавени се големи површини земјоделско земјиште.

За помош од поплавите ангажирана е и војската.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска