Во поплави во Судан загинаа 36 лица

Од:

Триесет и шест лица загинаа во поплавите во Судан, во регион северно од престолнината Картум, што од почетокот на август повеќе пати беше зафатен од поројни дождови, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на националното радио.

Приближно 5.000 куќи биле разурнати како последица на дождовите и поплавите, прецизира радио Омдурман.

Во информацијата, испратена по електронска пошта, не се прецизира кога загинале сите жртви.

Силни дождови во петокот повторно се излеаја врз Картум и неговата околнина, забележуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска