Во Појасот Газа убиен палестински тинејџер, 40 лица ранети

Од:

Припадници на израелската војска убија палестински тинејџер и ранија околу 40 лица на протестот на кој денеска присуствуваа илјадници луѓе на границата со Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека 15-годишното палестинско момче починало откако било погодено со огнено оружје од израелските војници, а портпаролката на израелската војска рече дека војниците користеле „средства за растурање на немирите“ и дека отвориле оган во согласност со стандардните оперативни процедури за такви случаи.

Израелската армија соопшти дека интервенирала поради немирите и обидите на некои луѓе да фрлат бомби и други експлозивни направи на територијата на Израел од Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас.

Учесниците на протестот повикуваат Палестинците да се вратат во земјата од која нивните предци избегале или биле принудени да избегаат во 1948 година, кога е прогласена државата Израел.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел