Во подметнат пожар изгоре складиште во Лондон

Од:

Во Лондон изгоре големо скалдиште, во пожар за кој се верува дека е намерно подметнат, соопшти Метрополитен полицијата.

Огнената стихија целосно го уништила складиштето, како и два други помали објекти во неговиот круг. Во пожарот изгореа и три камиони,што биле паркирани во дворот.

Огнот предизвика голема материјална штета, но во овој инцидент нема загинати или повредени лица.

„Голема среќа е што нема човечки жртви, но пожерот беше толку голем и силен што жртви сигурно ќе имаше доколку во складиштето имаше луѓе„ изјави претставник на лондонската полиција.

Пожарот бил забележан во 2 часот по полноќ, кога локалните жители во источните делови од Лондон ги повикале полицијата и противопожарните служби на интервенција.

Повеќе од 100 пожарникари цела ноќ се бореле со огнената стихија, за да не дозволат таа да се рашири кон блиските станбени квартови.

Полицијата отвори истрага за пожарот, трагајќи по мотивот за неговото предизвикување и по сторителот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он