Во Париз ќе биде испорачан француски џихадист од Мали

Од:

Француски џихадист е заробен во долината Аметатаи во Мали каде француско-чадски сили водат офанзива против вооружени исламистички групи, потврди денеска за Европа 1 францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан.

– Имаме француски заробеник од Мали кој ќе биде испратен во Франција, изјави Ле Дриан потврдувајќи информација на весникот Либерасион.

– Тоа покажува дека овде постоел терористички огранок кој можел да прифати млади во потрага по радикална судбина, како што некои можеа порано да одат во Авганистан или Сирија, изјави Ле Дриан.

Француските власти проценуваат дека околу 10 француски или француско-африкански џихадисти заминале за Сахел (гранична зона во Африка меѓу Сахара на север и регион во Судан на југ) за да им се приклучат на исламски борци.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски