Во основно училиште во Кина убиени три луѓе

Од:

Маж со нож денеска упадна во основно училиште во градот Шијан во провинцијата Хубеи, централна Кина и нападна осум ученици и еден наставник. Во нападот загинаа три лица, а шест се повредени.

Мажот по нападот изврши самоубиство со скок од училишната зграда.

Според локалните медиуми, тој го извршил нападот бидејќи не можел да го запише своето дете во училишта. Полицијата се уште нема соопштено деталји за нападот.

Во Кина во текот на последните години извршени се повеќе напади врз деца, а во текот на 2010 година дури пет напади во кои загинаа 15, а повредени беа над 80 деца.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36