Во океаните во светот пловат 269 илјади тони пластичен отпад

Од:

Околу 269 илјади тони пластичен отпад пловат на површината на океаните во светот, покажува истражувањето на меѓународните експерти, објавено денеска во американското издание „Плос Ван“.

Експерти од пет земји собирале податоци од 24 експедиции, кои биле извршени во период од шест години, од 2007 до 2013 година во целиот свет.

Според нив пластичниот отпад во океаните го има во многу поголема количина, отколку што тоа досега се сметаше. Во морињата пловат кеси, шишиња, играчки, затворачи за шишиња, четки за заби и многу други работи.

Пластичниот отпад е закана за морските птици, морските цицачи и другите живи суштества во морињата.

Отпадоците во океаните пристигнуваат од реките и од мошне загадените зони, како и од бродовите.

Отпадоците често пати се собираат во петте суптропски вртлози, големи области во кои водата се врти во круг во северниот и јужниот дел на Тихиот Океан, во северниот и јужниот дел на Атлантскиот Океан и во Индискиот Океан.

Тие зони дејствуваат како големи блендери, кои буквално ги мелат големите парчиња пластика и потоа ги исфрлаат како микрочестички насекаде во океаните.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто