Најмалку 13 лица загинаа, а 45 се повредени во судири во источниот дел на Либија меѓу исламистите и силите на генералот Халиф Хафтар, кој е сојузник на регуларната армија во Бенгази, соопштија здравствените власти.
Исламистичките сили, меѓу кои има и припадници на Ансар ал-Шари, денеска повторно се обидоа да го заземат цивилниот и воен аеродром во Бенгази, кој под контрола на генералот Хафтар и специјалните воени сили.
Вашингтон ја обвинува групата Ансар ал-Шари дека извршила напад врз американскиот конзулат во 2012 година во Бенгази, во кој беше убиен американскиот амбасадор.