Во новата влада нема место за официјални лица од владеењето на Гадафи

Од:

Либискиот парламент усвои денеска закон со кој ќе биде забрането на сите кои биле на високи државни функции за време на режимот на Моамер Гадафи, да работат во новата влада, што значи дека премиерот можеби ќе мора да поднесе оставка.

Премиерот Али Зеидан беше дипломат пред да и се придружи на опозицијата, но во новиот закон не пишува дали функцијата што ја извршувал била доволно висока за да му биде забрането да биде во новата влада.

Иако не е јасно дали новиот закон се однесува на премиерот, претседателот на парламентот Мохамед Магариеф кој е поранешен амбасадор ќе мора да се повлече иако живеел во егзил од 80-те години кога стана истакната личност на најстарата либиска опозициска организација. Членови на Конгресот велат дека законот веројатно ќе се однесува на околу 40 од вкупно 200 пратеници во парламентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски