Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Од:

Возач на автомобил нападна полициска патрола во Нов Зеланд, со што е првпат во историјата на земјата да биде убиена полицајка при вршење на должност. 32-годишниот осомничен е уапсен, а во инцидентот две лица се повредени, пишува АП.

Нападот ја потресе земјата во која ретко се случуваат убиства на полицајци на должност. Лин Флеминг стана првата полицајка во историјата на Нов Зеланд која почина како жртва на криминал додека била на должност, соопшти денеска новозеландската полиција.

Возило со голема брзина удрило во полицајците додека тие вршеле рутинска патрола на паркинг, а потоа возачот извртел и удрил во полициското возило, изјави полицискиот комесар Ричард Чемберс за новинарите во градот Нелсон на Јужниот остров. Флеминг почина во локалната болница неколку часа подоцна.

Би можело да ве интересира

Кривичен определи мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата