Во Њујорк задолжителна вакцинација за да се оди во ресторан, на вежбање или на претстава

Од:

Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши.

Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории“, рече градоначалникот на прес -конференција, додавајќи дека „барем една доза“ од вакцината ќе биде потребно за слободен влез.

„Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности”, рече Де Блазио.

Тој рече дека мерката ќе биде воведена на 16 август, а нејзината имплементација ќе следи од 13 септември.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД