Во Њујорк дневно дома умираат и по 200 луѓе кои не се регистрираат

Од:

Во Њујорк, каде тестирањата покажаа дека на коронавирусот се позитивни 76.876 лица, што е за неколку илјади помалку отколку во Кина во врвот на пандемијата, досега починале 4.009 лица, а некои градски служби предупредуваат дека бројот е поголем затоа што секојдневно дома умираат по 200 њујорчани, а нивната смрт не е евидентирана во официјалните податоци затоа што не се тестирани.

– Ако некој почине дома од коронавирус, постои голема шанса да не влезе во официјалните податоци. Тоа исто така значи дека жртвите кои не биле тестирани не се бројат, што ја нарушува и сликата што им е потребна на епидемиолозите, изјави Аја Ворти-Дејвис, портпаролка на здравствениот истражувачки центар.

Таа додаде дека треба да се има предвид дека во Њујорк пред пандемијата дома дневно умирале 20 до 25 луѓе.

Локалните пожарникари, кои се задолжени да реагираат во итни случаи, како што е срцев удар, наведуваат дека од 20 март до 5 април дома починале 2.192 лица што е 130 на ден, и е речиси за 400 пати повеќе од минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски