Во Нигер годинава од неухранетост умреле 362 деца

Од:

Во првите девет месеци од годината во сиромашната област Зиндер, во Нигер, 362 деца, помлади од пет години, умреле од неухранетост, соопшти денеска канцеларијата на Обединетите нации во оваа земја.

– Според последниот извештај за епидемиолошката ситуација во Зиндер, во периодот од 1 јануари до 23 септември се регистрирани 79.087 случаи на тешка неухранетост, а меѓу нив имаше 362 смртни случаи на деца помлади од пет години, соопштија од канцеларијата на ОН во Нијамеј.

Околу 90 отсто од смртните случаи се забележени во градот Зиндер. Оваа област редовно ја зафаќаат долготрајни суши заради кои населението е изложено на голем недостиг на прехрамбени производи, а најзагрозени се пред се жените и децата.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on