Најмалку 25 лица загинаа во напад на талибанците врз провладините сили во провинцијата Баглан, северен Авганистан, соопштија авганистанските власти.
Шефот на округот Фазелудин Муради изјави дека најмалку осум провладини војници биле повредени во нападот на талибанците, кој траел повеќе часови.
Талибанците се уште не ја презедоа одговорноста за нападот. Како што пренесуваат медиумите, оваа бунтовничка група во последно време ја засили офанзивата против авганистанските безбедносни сили.