Во напад на руска амбасада во Триполи, еден загинат

Од:

Либиските власти соопштија дека во нападот на руската амбасада во Триполи загинал еден од напаѓачите, а четворица се повредени.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата е нападната, нагласувајќи дека никој од дипломатите не е повреден.

ruska-ambasada-tripoli

Вооружена група влегла на територија на руската амбасада во либиската претстолнина и пукала во воздух, се наведува во соопштението.

Либиските власти веруваат дека нападот е одговор на убиството на либискиот пилот, кој што беше убиен од Украинка, која се сокри во амбасадата на Русија.

По инцидентот група луѓе се собрале пред зградата на амбасадата и протестирале, барајќи ја жената, пренесе „Асошиејтед прес“.

Во отсуство на силна централна власт во Либија, се повеќе има завојувани кланови и племиња какоо и исламистички групи, наведува агенцијата.

Екстремисти во државата во последно време изведоа низа напади на западни дипломати, а најголемиот се случи минатата година во Бенгази, кога се убиени американски амбасадори и уште тројца Американци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски