Во напад на болница има 70 загинати

Од:

Најмалку 70 лица загинаа во напад на болница во градот Ал Фашир во Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), а јави Асошиејтед прес.

Како што се наведува, станува збор за напад на единствената функционална болница во тој град.

Бројката од 70 жртви ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа Икс.

„Неверојатниот напад на болницата Ал Фашир остави 70 мртви и 19 повредени меѓу пациентите и другите. Во моментот на нападот, болницата беше полна со пациенти кои добиваа нега“, се вели во соопштението.

Гебрејесус не кажа кој го извршил нападот, додека Асошиетед прес јавува дека локалните власти ја обвиниле бунтовничката група РСФ за нападот, која јавно не го објави инцидентот.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски