Во Нагорно Карабах веќе не смее да падне ниту една жртва, порачаа Русија, САД и Франција

Од:

Копретседателите на групата Минск на ОБСЕ, Игор Попов (Русија), Стефан Висконти (Франција) и Ендру Шофер (САД), денеска изразија загриженост од развојот на ситуацијата во Нагорно Карабах, нагласувајќи дека веќе не смеат да паѓаат цивилни жртви во конфликтот.

„Ги повикуваме азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, да преземат итни чекори за исполнување на сите заложби потпишани од двете страни во Москва на 10 октомври, со цел да се спречат катастрофалните последици по регионот“, се наведува во заедничкото соопштение на копретседателите на групата Минск на ОБСЕ.

Во соопштението тие додаваат дека „цивилните жртви се апсолутно неприфатливи“.

„Бараме итен прекин на огнот, враќање на одземеното и размена на воените заробеници. Копретседателите веќе разговараа со министрите за надворешни работи на двете земји, Зохраб Мнаѕаканијан и Чејхун Бајрамов, за изнаоѓање начин за почеток на преговори и решение“, заклучи групата.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“