Сто и педесет лица загинале, а околу сто се ранети во меѓуклановските судири во реон на нефтено наоѓалиште во Судан, соопшти ИТАР-ТАСС.
Конфликтот избувнал меѓу два клана на племето Месирија, кои си ги оспоруваат териториите во реонот на Западен Курдуфан, што се граничи со провинцијата Дарфур, каде не стивнуваат меѓуплеменските битки, кои имаат за цел да се утврди контролата врз природните ресурси.
Според податоците на суданската Влада, овој вооружен конфликт се шири и во соседните реони.
Од 2003 година, како резултат на меѓусебните судири во Дарфур загинале околу 300. 000 лица, а речиси три милиони лица станааа бегалци.