Во Медитеранот наскоро еднаков сооднос на риби и отпад

Од:

Скај Њуз – Лондон

Средоземното Море подолго време е едно од најзагеденото море во светот, но проблемот може да стане поголем бидејќи соодносот на риба и пластика во него може да се изедначи, предупредуваат европски експерти.

– Во овој момент на секои три килограми уловена риба има еден килограм пластичен отпад, изјави шпанскиот дипломат Мигел Гарсија Хераиз.

Проценките се дека до 2030 година соодносто може да биде – на килограм риба – килограм пластичен отпад.

Гарсија Хераиз е заменик главен секретар на Асоцијација за заштита на Медитеранот, регионален форум поддржан од ЕУ и чии членови минатата недела имаа средба во Неапол. Тој е задолжен за одделот за вода и водни ресурси.

– Се уште имаме релативно малку податоци за загаденоста на Медитеранот, за последците од загадувањето и за влијанеито врз морската флора и фауна, па дури и врз луѓето, додава тој.

Дипломатот истакнува дека најголем дел од загадувањето го предизвикуваат „еднократно“ искористените пластични предмети, како пластични кеси и шишенца, кои многу споро се разградуваат и се претвораат во микропластика, ситни пластични честици помали од половина сантиметар.

На морската површина се собираат разни токсични работи па рибите често ја заменуваат за храна, поради што тие влегуваат во синџирот за исхрана во кој се и луѓето. Микропластиката настанува поради раситнување на големи парчиња пластика во морето под влијание на сонцето, брановите и ветерот. Таа не се разградува и не се менува хемиската структура туку се појавува во помали парчиња.

Гарсија Хераиз потсетуива дека вистински извор на микропластиката може да се најде во козметичките производи за „пилинг“ на кожата што содржат ситни полиетиленски честички, По користењето на тие честички низ канализацијата и испустните води тие одат во реките и морињата.

Уште еден извор на микропалстика во морето се пластичните пелети. Пастиката се произведува во облик на ситни пелети кои од производителите се транспортираат до преработувачите и таму се преработруваат во готови предмети. Често за време на транспорт пелетите завршуваат во морето и стануваат смет, без да бидат преработени во нешто корисно.

Микропластиката крие и сосема нова димензија за проблемот – загадување што се наоѓа на површината на микропластиката. Органските смеси за чистење (анг. Persistent organic pollutants)  се слабо или споро разградливи хемикалии. Освен што споро се разградуваат, тие и слабо се топат во вода, поради што и цврсто се лепат за пластика како на пример маснотиите кои тешко се мијат од пластични садови.

Откако риби или други морски животни проголтаат микропластика, хемикалиите влегуваат во нивниот организам и во ланецот на исхрана вокој се и луѓето.

На почетокот на годината Гринпис објави соопштение во кое наведува дека 96 отсто од отпадот што плута во Медитеранот е пластика и дека е присутна и на длабочлина до 3.000 метри.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло