Во Мали досега се распоредени 1.400 француски војници

Од:

 Бројот на француските војници, кои учествуваат во операцијата во Мали, што почна во петокот, достигна до 1.400, соопшти францускиот министер за одбрана Жан-Ив ло Дриан.

Франција планира да испрати вкупно 2.500 војници, меѓу кои ќе има припадници и на Легијата на странците.

Портпаролот на Генералштабот на француската армија Тиери Брјукар изјави дека Франција ќе испрати и хеликоптери во Мали, но не го наведе нивниот број. Непознато е и колку хеликоптери има во Мали.

Холандија во Мали ќе испрати транспортни авиони, како поддршка на антитерористичката операција на Фрнација.

Ситуацијата во Мали и понатаму е сложена, се водат борби во централниот дел на земјата, во реонот на градот Кона.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано