Во Лондон специјален самит за сексуалното насилство во војните

Од:

Во Лондон денеска почнува четиридневниот самит посветен на борбата против сексуалното насилство во војните.

Домаќини на самитот се британскиот Форин Офис, министерот за надворешни работи Вилијам Хејг и специјалниот пратеник на ОН, американската актерка Анџелина Џоли.

На самитот се поканети високи претставници на 140 земји од целиот свет, како и десетици разни невладини организации. Подготовките за овој самит траеја две години, што беа искористени за долгата и интензивна кампања, за покренување акција против сексуалното насилство.

Според британските организатори, станува збор за најголемиот досега ваков собир во светот.

Целта на самитот е создавање нов меѓународен протокол, за документирање и истражување на сите случаи на сексуално насилство, во услови на воени судирања, како и за охрабрување на државите низ светот, за заострување на домашните законодавства, за обвинувања и казнување на ваквите злосторства.

Самитот во Лондон бара од сите земји да ги обучат своите војници и посебно оние во разни меѓународни мисии, како мировници, да го спречуваат сксуалното насилство.

На лондонскиот собир, учествуваат и земји како Босна и Херцеговина, Сомалија и Демократска Република Конго, каде во текот на воените судирања и војните што се водеа на нивните територи, разните облици на сексуално насилство, беа широко практикувани.

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави дека сексуланото насилство било систематски применувано во текот на војните во 20 и 21 век и тоа претставува едно од најголемите масовни злосторства, регистрирани во модерното време.

– Околу 50.000 жени се силувани во текот на војната во Босна и Херцеговина, од пред 20 години,но никој за тоа не беше повикан на одговорност. Сега настојуваме, со уредување на нов меѓународен протокол, да ги измениме досегашните состојби, рече министерот Хејг.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он