Во Лондон осуден исламистички проповедник на 5,5 години за помагање на ИД

Од:

Радикалниот исламистички проповедник Анџем Чудари е осуден од судот во Лондон, на 5,5 години затвор за помагање и поддршка на џихадистите од Исламска држава (ИД).

Со години на ред, Чудари успеваше да одбегне апсење и судење, иако безбедносните власти се сомневаа дека тој е „инспиратор“ на низа планирани, но нереализирани терористички напади на британска територија.

Комуницирајќи со јавноста преку медиумите, најчесто осудувајќи ги западните и британските вредности, тој беше прогласуван за „проповедник на омразата“.

Разни муслимански хуманитарни организиации, како и британски либерални и левичарски групи, сепак, наоѓаа начин да ги прикажуваат неговите гневни проповеди како  слобода на изразувањето.

Британски експерти за тероризам тврдат дека Чудари е опасен човек и дека неговата казна е премала за да се санкционира неговото однесување, особено што за помалку од три години тој ќе може да излезе од затвор.

Соопштувањето на пресудата предизвика незадоволство и во британската јавност, а лонднските весници „Сан“ и „Дејли телеграф“ сугерираат Обвинителство да се жали на ниската казна.

При изрекувањето на пресудата судијата во процесот посочил дека проповедите на Чудари биле насочени кон поттикнување омраза на младите муслимани во Велика Британија, против Британците и западната демократија, иако целиот свој живот во земјата го поминал користејќи социјални бенефиции од државата.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он