Во Лондон изгоре исламистичкиот центар „Ал Рахман“

Од:

Исламистичкиот центар „Ал Рахман“ е целосно уништен во денешниот во големиот пожар, за кој се претпоставува дека е подметнат, од расистички побуди.

Претставник на полицијата изјави дека пожарот во Центарот избувнал во раноте утрински часови и тој од почетокот е третиран како сомнителен.

Еден од луѓето кои работи во изгорениот центар рече дека пред пожарот зградата била испишана со пароли и графити, напишани со спреј својствени на десничарската Англиска одбранбена лига (ЕДЛ) која изведува маршеви низ Англија и бара запирање на „натамошната исламизација“ на земјата.

Центарот „Ал Рахман“ досега го користеше една сомалиска хуманитарна организација.

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон го осуди подметнувањето на пожарот, нарекувајќи ги извршителите „кукавици“, а нивнит чин го оцени како „патетичен“.

Лондонската метрополитен полиција ја ангажира за овој случај својата единица за антитероризам која треба да ги утврди причините за пожарот.

Претставник на исламската заедница изјави дека стравува оти пожарот во центарот може да е одмазда за убиството на британскиот војник Ли Ригби, кој во лондонскиот кварт Вулич беше убиен среде бел ден, на улица од двајца британски муслимани.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Нови наоди на истрагата за смртта на Алма и нејзините три деца

Горан Наумовски

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Таткото кој со сопругата ги уби децата и се самоубија бил текстописец за метал бендови

А1он

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ