Во Либија потпишан мировен договор без учество на Триполи

Од:

Некои од завојуваните страни во Либија денеска потпишаа договор под покровителство на ОН за формирање на влада на национално единство и прекин на борбите.

– Тоа е само еден, но важен чекор на патот кон мир, изјави специјалниот претставник на ОН за Либија Бернардино Леон на церемонија за потпишување на договорот, на која учествуваа претставници на парламентор во Тобрук, претставници на општини, политички партии и на граѓанското општество.

Претставниците на парламентто во Триполи не присуствуваа на средбата. Претходно тие го отфрлија предлогот за формирање на национална влада на единство и организирање на нови избори.

Либија, која падна во хаос по соборувањето од власт на Моамер Гадафи во 2011 година, има два парламенти кои меѓусебно не се признавата. Еден во Триполи и еден во Тобрук, кој е признат од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски