Во Либија исчезнаа два и пол тони природен ураниум: „Ова е причина за загриженост“

Од:

Инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), открија дека приближно 2,5 тони природен ураниум исчезнале од либиското наоѓалиште кое не е под владина контрола. МААЕ ја сподели оваа информација со земјите-членки во соопштението во кое Ројтерс имал увид.

Наодот е резултат на инспекцијата првично планирана за минатата година, која „мораше да биде одложена поради безбедносната ситуација во регионот“, а конечно беше извршена дури вчера, се вели во изјавата на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.

Инспекторите на МААЕ „откриле дека 10 буриња со приближно 2,5 тони природен ураниум во форма на концентрати на ураниумска руда не биле на локацијата каде што требало да се складираат како што тврди либиската влада“. Во соопштението за медиумите се наведува дека Агенцијата ќе спроведе „понатамошни активности“ за утврдување на околностите за исчезнувањето на ураниумот од локацијата, која не е именувана, но и за пронаоѓање на исчезнатиот ураниум.

„Недостигот на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот. Во соопштението за медиумите се тврди дека е потребна „комплексна логистика“ за да се стигне до локацијата. Во 2003 година, под тогашниот лидер Моамер Гадафи, Либија се откажа од својата програма за нуклеарно оружје.

Последниот голем конфликт во Либија заврши во 2020 година

Либија е во постојан конфликт откако Гадафи беше соборен во 2011 година во бунт поддржан од НАТО. Од 2014 година, политичката контрола е поделена меѓу ривалските источни и западни фракции, а последниот голем конфликт заврши во 2020 година.

Привремената влада на Либија, формирана на почетокот на 2021 година преку мировен план поддржан од Обединетите нации, требаше да трае само до изборите закажани за декември истата година. Сепак, изборите се уште не се одржани, па легитимитетот на привремената либиска влада е оспорен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски