Во Либија 16 лица починаа, а над 300 се отруени од метанол

Од:

Шеснаесет лица починаа, а повеќе од  300 се хоспитализирани во Либија поради труење со фалсификуван алкохолен пијалок направен на база на метанол, соопшти денеска либиското Министерство за здравство.

– Билансот на смртни случаи достигна 16, а отруени се 310 лица, соопшти Министерството, предупредувајќи дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Шефот на санитарната служба во медицинскиот центар во Триполи, Јусеф ал-Вафи наведе дека прелиминарната анализа покажала дека симптомите на труење се појавиле по конзумирањето на фалсификуван алкохолен пијалок кој содржел метил-алкохол.

Метил-алкохолот или метанолот е производ кој може да предизвика откажување на бубрезите, слепило или епилептичен напад, па дури и смрт.

Лицата кои конзумирале отровен алкохол се на возраст од 19 до 50 години.

Во Либија е забранета продажбата и конзумирање на алкохолни пијалци, иако може да се купи на црниот пазар.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании