Во Либерија пронајдени лицата заразени со ебола кои побегнаа од карантин

Од:

Либериските власти ги пронајдоа сите 17 осомничени пациенти заболени од ебола кои побегнаа од карантин во Монровија во текот на викендот и се хоспитализирани во друга клиника, соопшти денеска министерот за информации Луис Браун.

Тој наведе и дека тројцата инфицирани африкански лекари, кои го примиле експерименталниот лек „Змапп“ покажуваат знаци на „значително подобрување“.

Вооружени лица пред два дена го нападнале карантинот за заболени од ебола во Монровија, тврдејќи дека во Либерија нема ебола, а 17 пациенти побегнале поради нападот.

Светската здравствена организација денеска објави дека за три дена од минатата недела 84 луѓе починале од ебола, со што бројот на жртви се искачи на 1.229.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски