Во Либан обвиненија против 28 луѓе од ИДИЛ

Од:

Либанското воено обвинителство подигна обвиненија против 28 осомничени за планирање бомбашки напади во таа држава и припадност кон екстремистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот.

Степенот на безбедност во Либан е подигнат по трите самоубиствени напади во изминатите денови во кои најмалку две лица загинаа и десетици се повредени.

За еден од нив одговорност презеде радикалната Исламска држава, која се закани со заземање на Либан во рамки на своите планови за основање сопствена држава.

Либански медиуми јавуваат дека седуммина од 28 обвинети се задржани во притвор додека останатите се на слобода. Можно е сите да бидат осудени на смртна казна. Осомничените се уапсени во неколку полициски операции во државата меѓу кои и рации во хотели во Бејрут.

Се наведува дека планирале „терористички самоубиствени напади со експлозиви и автомобил-бомби“.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда