Во Кина уапсени 29 лица поради тероризам

Од:

Кинеските власти во регионот Синѓијанг уапсиле 29 лица, поради сомнеж дека се терористи, пренесуваат медиумите.

На осомничените во главниот град на Синѓијанг, Урумќи им се закануваат обвиненија за „поттикнување сепаратизам“ и „нарушување на редот на јавни места“, пренесе „Франс прес“.

Во текот на претходните години Синѓијанг, каде што живее ујгурско малџинство, беше центар на насилни судир, за кои Пекинг тврди дека ги организирале терористички групи кои сакаат независност на тој регион од Кина.

Пекинг минатиот месец одлучи да започне едногодишна кампања против тероризмот, по што во Урумќи беа убиени 39 лица во самоубиствен напад.

Властите во Синѓијанг минатата недела осудија 55 лица поради различни кривични дела, меѓу кои и обвиненија за тероризам.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски