Во Кина уапсен маж кој планирал да протестира на Тјенанмен

Од:

Кинеските власти уапсија човек кој планирал да протестира по повод 24-годишнината од задушувањето на демонстрациите на централниот плоштад во Пекинг, Тјананмен, под обвинение дека „поттикнувал на субверзија на државата“.

– Полицијата го приведе ГуЈимун на 1 јуни во киескиот град Суџоу, а подоцна објави за неговото апсење, изјави неговата сопруга СуЈан и американската група за човекови права во Кина.

Неговата сопруга тврди дека тој на интернет-страница поставил фотографии за 4 јуни и побарал од локалните власти да му дозволат да протестира.

– Доколкутие две акции претставуваат поттикнување на субверзија на државната власт тогаш овој режим навистина е разнишан и лесно може да се поткопа, истакна Су.

Адвокатот на Гу наведе дека локалната полиција не му дозволила да разговара со клиентот, кога се обидел да го посети минатата недела.

Во Кина задушувањето на студентскиот протест во 1989 година е забранета тема, а младите генерации немаат никакви сознанија за тоа.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36