Во Кина расте бројот на заразени со коронавирусот

Од:

Новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, а особено во Гуангжу, важен центар на кинеската и светската економија, ги загрижува економистите поради можното затворање.

Бројот на заразени во Кина вчера достигна 7.475, од кои една третина од случаите се во Гуангжу. За повеќето земји во светот ова не е застрашувачка бројка, но Кина ја продолжува својата политика на нулта толеранција на коронавирусот и е подготвена на радикални мерки и затворања кои го загрозуваат економскиот раст и влијаат врз светската економија.

Големите инвеститори со нетрпение го очекуваат моментот кога Кина, втората по големина економија во светот, ќе ги отвори границите или ќе се откаже од својата политика на нулта толеранција кон коронавирусот.

Гуангжу, град со 15 милиони жители и најголемото пристаниште во Кина, се смета за „најголемата фабрика на светската економија“. Меѓу другото, во овој град се произведуваат клучни компоненти за производите на Епл.

Делумно или дури целосно затворање на градот, слично како Шангај во април и мај, дополнително ќе го ослабне и онака разнишаниот јуан и ќе ја потресе кинеската и глобалната економија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција