Во Киев претепан еден од идеолозите на Фемен

Од:

Активистот Виктор Свјатски, кој се смета за еден од идеолозите на движењето Фемен, беше претепан брутално во близина на канцеларијата на феминистичката организација во Киев.


Движењето смета дека тоа е обид за застрашување пред претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин. 


– Поради синоќешниот напад, Свјатски беше примен во болница со повреди на лицето, сомнеж за скршеници на долната вилица, искршени заби и со значителна загуба на крв, се наведува во соопштението на организацијата.


Фемен, смета дека зад претепувањето, кое го означи како обид за убиство, стојат тајните служби.


Организацијата нагласи дека нејзините членови биле предупредени „да не се обидуваат да протестираат за време на свечената средба на постсоветските диктатори“.


Путин ќе пристигне во Украина по повод 1025-годишнината од покрстувањето на Русија. 


Движењето Фемен е основано во Украина, а седиштето му е во Париз. Тоа е познато по протестни акции на активистки со голи гради.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Топлес активисти на Фемен прекинаа концерт на бендот на Вуди Ален

Ана Ололовска

Фемен против Марин Ле Пен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гола активистка на Фемен протестираше против Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

Три активистки на Фемен го дочекаа Строс-Кан пред судот

Ана Ололовска

Фемен протестира во катедралата на Стразбур против доаѓањето на папата

Ана Ололовска

Судски процес против девет припаднички на Фемен во Париз

Емир Латифовиќ