Фемен против Марин Ле Пен

Од:

Феминистичката организација Фемен протестира во Хенан-Бомон, градот каде што гласа канидатката на Националниот Фронт, Марин Ле Пен.

Групата, која долги години се бори против крајната десница, во центарот на градот протестира со голи гради и поставија транспарент на кој пишува: „Марин на власт, Маријан во очај“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, гласањето почна со проблеми во департманот От де Сен, парискиот регион, посебно во иси ле Мулино и дел од Булоњ, каде гласачките места не отворија во осум часот, поради информатички проблем. Во девет часот и 15 минути, голем дел од гласачките места беа затворени.

Слично како и при првиот круг, најверојатно и денеска ќе има проблеми со избирачите кои беа избришани од гласачките листи, само во Стразбур тоа им се случи на околу 150.000 гласачи.

Денешното гласање се одвива со засилени безбедносни мерки, бидејќи терористичките закани се реални. Исто како и при првиот круг на претседателските избори во обезбедувањето на гласачките места се вклучени десетици илјади полицајци и 7.000 припадници на армијата.

Ова се први претседателски избори кои се одвиваат во режим на вонредна состојба, воведена ноќта на 13 ноември 2015 по терористичките напади во Париз.

Силите на редот се претпазливи и поради најавените можни инциденти по затворањето на гласачките места во 20 часот и соопштувањето на резултатите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано