Во Канада доаѓа помош од целиот свет за борба против огромните пожари

Од:

Земјите ширум светот ветија дека ќе испратат уште поголема помош во Канада бидејќи стотици шумски пожари ја погодија земјата.

САД досега испратија стотици пожарникари и ќе испратат уште, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека властите на Франција, Португалија и Шпанија испратиле повеќе од 280 пожарникари во Канада, пренесува Ројтерс.

Покрај споменатите земји, голем број пожарникари испратија и Јужна Африка, Австралија и Нов Зеланд.

Во Канада, поради стотици шумски пожари, околу 120.000 луѓе мораа привремено да ги напуштат своите домови, а изгореа 3,8 милиони хектари земја, што е околу 15 пати повеќе од десетгодишниот просек, изјави федералниот министер за вонредни состојби Бил Блер.

Само во Квебек моментално се активни 150 пожари, а се очекува повеќе од 15.000 жители да бидат принудени да се евакуираат во таа провинција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег